Сенатот го изгласа пристапниот Пртокол за влез на Северна Македонија во НАТО, со 91 глас „за“ и два „не“.
Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли.
Во јули годинава, пак, Пртоколот го ратификуваше и Сенатската комисија за надворешни работи.
Претходно, претседателот на САД Доналд Трамп испрати писмо до Сенатот за „разгледување и согласност“ на пристапниот Протокол.
Во официјалниот допис од Белата куќа стоеше целосната ратификација на Протоколот ќе и` овозможи на Северна Македонија да стане дел од Северноатлантскиот договор и членка на НАТО.
Во него беше истакнато дека Северна Македонија е решителен партнер на САД, и оти од членството во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата.
„Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања“, соопшти тогаш Белата куќа.
Facebook Forum