Линкови за пристапност

Пајат: Важно е што Грција прва го ратификуваше Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО


Неделава Сенатот ќе има сослушувања за истото парашање, изјави денес американскиот амбасадор во Грција, на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон

Владата на САД помага да осигура дека сите држави од Западен Балкан ќе продолжат да се движат напред кон евроатлантската заедница, изјави денес американскиот амбасадор во Грција Џофри Пајат, на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

„Тоа значи НАТО членство. Многу е важно што Грција беше првата држава што го ратификуваше Пртоколот за влез на Северна Македонија во НАТО. Неделава Сенатот има сослушувања за истото парашање“, рече Пајат.

Тој нагласи дека овој потег не е важен само за Северна Македонија, туку и за улогата што Грција ја има пошироко во регионот, а тоа е енергетска помош на државите од Западен Балкан, се` до Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG