Линкови за пристапност

Помпео: Русија ја врати нуклеарната закана во Европа


Зборувајќи на средбата на министрите на НАТО во Брисел, американскиот државен секретар нагласи дека трпението на Вашингтон е при крај

САД ја предупредија Русија дека има 60 дена за да покаже оти ја почитува Спогодбата за нуклеарно вооружување, или во спротивно ќе се повлечат од Договорот.

Зборувајќи на средбата на министрите на НАТО во Брисел, американскиот државен секретар Мајк Помпео нагласи дека трпението на Вашингтон е при крај.

„Нема логика САД и натаму да се дел од Спогодба, која ги ограничува нашите напори да одговориме на постапките на Русија. Таа повторно ја врати во сила траекторијата како нуклеарна закана во Европа“, рече Помпео.

Тој рече дека Русија распоредила „неколку баталјони проектили од типот ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

Москва негираше дека распоредила таков арсенал.

Со Договорот за намалување на нуклеарните боеви глави од 1987-та, што го потпишаа тогашните претседатели Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов, беа уништени сите нуклеарни проектили со дострел од 500 до 5.500 километри, со што беше намалена можноста да се лансира нуклеарен напад за кус временски период.

Сојузниците на НАТО изразија загриженост за можноста САД да се повлечат од Нуклеарната спогодба, стравувајќи од нова трка за вооружување во Европа.

Сепак, министрите за надворешни работи на НАТО и формално ја окарактеризираа Русија како прекршувач на Спогодбата, во знак на поддршка на САД.

Во меѓувреме, во одделен говор во Брисел, организиран од Германскиот маршалов фонд во САД, Помпео негираше дека САД се повлекуваат од меѓународната сцена по притисокот врз претседателот Трамп.

Тој додаде дека Трамп го модифицира глобалниот систем да се базира одделно врз држави, а не мултилатерални институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG