Линкови за пристапност

Безбедност за граѓаните значи и влез на Северна Македонија во НАТО, порача Помпео во Брисел


Очекуваме таа официјално да и` се приклучи на нашата Алијанса, изјави денес државниот секретар на САД

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, денес во седиштетото на НАТО во Брисел, изјави дека очекува Северна Македонија да стане 30. членка на Алијансата.

„Безбедност за нашите граѓани значи и прифаќање на Северна Македонија. Имав шанса да одам таму минатиот месец. Како 30. членка на НАТО, Сенатот на САД на 22 октомври го ратификуваше пристапниот Протокол за Северна Македонија и очекуваме таа официјално да и` се приклучи на нашата Алијанса“, изјави Помпео, нагласувајќи дека САД остануваат посветени да работат со НАТО партнерите да изградат силна, стабилна, просперитетна алијанса, слободна Европа, како и слободен свет во корист на сите граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG