Линкови за пристапност

Мисироли: Се радуваме да ве поздравиме како 30-та членка на НАТО


Антонио Мисироли: Би можел да кажам дека ќе бидеме 30-мина на 70 години НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:26 0:00

Генералниот секретар на НАТО за безбедносни предизвици рече дека тоа е можно да се случи на Самитот во Лондон во декември

НАТО се` почесто јавно лицитира со декември како реален тајминг за прием на Северна Македонија како 30. полноправна членка. Оптимизмот на врвот на Алијансата се темели на брзината со која од февруари досега, 20 земји - членки го ратификуваа пристапниот Протокол. Денеска во Скопје таа можност ја навести помошник - генералниот секретар на НАТО за безбедносни предизвици Антонио Мисироли.

„Сите се радуваме да ве поздравиме како 30. земја - членка на нашата Алијанса за што се надеваме дека е можно да се случи веќе на Самитот на кој ќе се одбележува 70-годишнината од формирањето на НАТО во Лондон на почетокот од декември. Така што би можел да кажам дека ќе бидеме 30-мина на 70-годишнината“, изјави Мисироли.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG