Линкови за пристапност

Столтенберг: Ако ратификацијата на Протоколот за Северна Македонија не заврши до декември, очекувам да биде брзо потоа


Тој нагласи дека би било добро процесот да заврши кога ќе се собираат лидерите на НАТО во Лондон

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека се надева оти процесот на ратификација на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО ќе биде завршен до декември, и дека државата ќе стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон.

„Сите сојузници го потпишаа пристапниот Протокол во февруари, ја почнаа ратификацијата и таа се одвива брзо. За завршување на тој процес, како што беше случај со Црна Гора, потребно е околу една година“, рече Столтенберг.

Тој нагласи дека би било добро ратификацијата да заврши во декември, кога се собираат лидерите на Алијансата во Лондон.

„Ако тоа не се случи тогаш, очекувам дека тоа ќе биде брзо потоа“, изјави Столтенберг.

Оваа порака тој ја испрати пред состанокот на министри за одбрана во Брисел.

Столтенберг беше во Скопје на почетокот на овој месец, каде изрази уверување дека Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG