Линкови за пристапност

Помпео од утре на состанок на НАТО во Брисел


Американскиот државен секретар ќе им се придружи на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи, на кој се очекува да побара поголема воена поддршка од сојузниците

Рускиот напад врз украинските бродови се очекува да биде на врвот на агендата на НАТО состанокот оваа недела, со цел да се најде начин како да му се возврати на Кремљ и на неговата агресија врз европските граници.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од утре треба да биде дел од дводневниот состанок со министрите за надворешни работи во Брисел, на кој САД ќе бараат поголема воена поддршка од НАТО сојузниците.

Киев предупреди дека заострување на односите е многу возможно, откако Русија ги зпалени трите украински воени бродови.

Москва, пак, ја обвини Украина за провокација.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика сојузниците да реагираат.

„Ова е огромна закана, и сите заедно бараме соодветен одговор“, рече Порошенко.

Сепак, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг не даде никаква индикација дека Алијансата е подготвена да ризикува воена конфронтација со Русија.

„Ја повикуваме Русија да обезбеди слободно движење на воените украински бродови во Азовското Море“, изјави Столтенберг.

По овој инцидент, претседателот на САД Доналд Трамп го откажа планираниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин на Самитот Г-20.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG