Линкови за пристапност

Комисијата за надворешни работи на Сенатот в среда ќе го разгледува влезот на Северна Македонија во НАТО


Сенаторот Џејмс Риш, претходно во интервју за Гласот на Америка, изјави дека е можно ратификацијата на Протоколот да се случи и во јуни

Сенатската комисија за надворешни работи в среда ќе има сослушување, на кое ќе го разгледува пристапувањето на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Сведоци на сослушувањето ќе бидат помошник - државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик - помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Претседавачот со Комисијата, сенаторот Џејмс Риш, претходно во интервју за Гласот на Америка, изјави дека веднаш по сослушувањето, Пртоколот за влез на Северна Македонија во НАТО ќе оди на гласање пред целиот Сенат.

„Многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш“, рече тогаш Риш.

Сенаторот истакна и дека очекува голема поддршка за ратификација на Протоколот или, како што рече, 98 од 100 сенатори би гласале за него.

„Мислам дека со ова ќе се пополни голема празнина што постоеше во Северна Македонија и Балканот. Веруваме дека државата ќе биде цврсто дополнување на НАТО силите во тој регион“, изјави Риш за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG