Линкови за пристапност

Работата уште не е завршена, мора да ја одржуваме демократијата, ѝ порача Пентагон на Северна Македонија за една година од приемот во НАТО


Северна Македонија ја прави НАТО посилна, и САД се горди што ве имаат како сојузник, рече Аманда Дори, вршител на должност американски потсекретар за одбрана

Аманда Дори, вршител на должност потсекретар за одбрана на САД, им честита на граѓаните на Северна Македонија една година од пристапот на државата во НАТО, нагласувајќи дека партнерството со Алијансата почнало пред многу години, а се зацврстувало со посветеност и соработка низ годините.

„Вашиот придонес во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и во Косово ја зголеми силата на Алијансата, и ги подобри стабилноста и безбедноста во овие региони. Северна Македонија ја прави НАТО посилна, и САД се горди што ве имаат како сојузник“, рече Дори.

Таа рече дека уште од 1949 година „НАТО се докажа како најсилна Алијанса во историјата, одржувајќи ги нашите заеднички вредности за демократија, индивидуални слободи, владеење на право, осигурувајќи ја нашата колективна безбедност“.

„Нашата работа се` уште не е завршена. Мора да продолжиме да работиме заедно да ги одржиме мирот и безбедноста каде постојат, и да ги воспоставиме каде се нарушени. Мора да заздравиме од пандемијата на ковид-19, која во огромна мера ги погоди нашите народи, здравствени системи и економии. Мора да продолжиме да ги славиме демократијата и идеите за правда и слобода, и да се бориме против дезинформациите и малигното влијание во демократските системи“, рече Дори.

Таа нагласи дека мора да се заштити и зацврсти способноста за справување и одбрана од непријателите, додавајќи дека очекува многу години соработка и успех меѓу Северна Македонија, САД и НАТО Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG