Линкови за пристапност

Вратите на НАТО остануваат отворени


Вратите на НАТО остануваат отворени
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Има место за уште нови знамиња пред седиштето на НАТО во Брисел, порача Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Честитки за постигнатото, особено во делот на стабилизација на внатрешната ситуација, поддршка за натамошните реформи, порака да се реши прашањето за името, но, и предупредување дека уште задачи и` преостануваат на Македонија, кои мора да се сработат за да се дојде до членство.

Ова беа главните поенти на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг до државниот врв, политичките лидери и пратениците.

Тој денеска во Скопје повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени.

„Има место за уште нови знамиња пред седиштето на НАТО во Брисел“, порача Столтенберг.

„Земјите-членки се импресионирани од вашите заложби да се приклучите кон Алијансата. НАТО сака да успеете. Добро е да се биде амбициозен, но, важно е да се биде реален. Има уште работа што треба да се заврши, вклучувајќги го и прашањето за името, кое предолго ја оптоварува земјата и регионот. Ја поздравувам волјата на вашата Влада да се реши ова прашање“, изјави Столтенберг.

Потсетувајќи дека настаните од минатата година ја довеле земјата до работ, Столтенберг не ја заборави регионалната компонента - да порача каков Балкан НАТО сака да види.

„Вклучени сме на Балканот, зашто сакаме безбеден регион, сакаме оваа земја да биде безбедна, сигурна и просперитетна. Вашите пријатели во НАТО ве поддржуваат. Настаните во оваа зграда од април минатата година ме шокирааа, но, ги шокираа и сите членки на НАТО. Сега гледаме напредок и сакам да го поздравиме тој напредок во создавањето на нова политичка реалност“, рече тој.

Го поздрави односот кон соседите, особено ратификувањето на Договорот со Бугарија. Рече дека усвојувањето на Законот за јазиците бил важен чекор, реформите во судството и во разузнавачките служби ги нарече суштински.

Сличен напредок очекува и во медиумите и транспарентноста на владиното работење. Првиот човек на НАТО порача дека владеењето на правото е клучно, исто како и учеството на опозицијата во процесите, која денеска само заради неговиот говор, го прекина бојкотот на работата на Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG