На само неколку недели кога се очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО Алијансата, заменик - генералниот секретар на НАТО Мирча Џоана, од Вашингтон порача дека организацијата се соочува со глобални предизвици, особено од Русија и од Кина.
„Акциите на Русија се предизвик за нашите демократии, преку обиди да не` поделат, да го потценат нашиот начин на живот, и да предизвикаат недоверба во нашите вредности“, рече тој, потенцијарајќи дека се зголемува и заканата од Кина.
Според него, Кина станува потенцијален пазар за сите држави, во кои полека го наметнува и нејзиното политичко влијание.
„Кина бележи брз напредок. Таа е втора најголема економска сила во светот, и меѓу најголемите безбедносни сили. Кина неодамна промвираше континенетален проектилен систем што може да достигне до САД и Европа“, објаснува тој.
Нагласи дека овие предизвици се доволно комплексни државите да сфатат дека НАТО продолжува да биде апсолутно неопходна и мултилатерална институција.
Според него, светот денес се соочува со најголема поделба досега, меѓу оние што веруваат во демократија, слободен пазар и отворено општество, како и оние што сметаат дека диктатура и авторитарен режим се поефикасна формула за владеење со модерните општества.
„Ако останеме обединети, ако сфатиме дека заедно сме посилни, НАТО ќе опстане уште 70 години, и многу повеќе“. вели заменик - генерален секретар на НАТО.
А оваа Алијанса, рече тој, ќе им помогне на државите да изградат воени институции, одбрана и безбедносни организации.
Facebook Forum