Линкови за пристапност

Контра-самит на НАТО


Мировни активисти се среќаваат со агенда спротивна на онаа на Алијансата

Во време кога лидерите на земјите-членки на НАТО дискутираат за зголемување на одбранбените буџети, водечки светски активисти за мир се собраа на Контра-самит во Брисел, барајќи помала милитаризација.

Воените трошоци ќе бидат една од главните теми на агендата на Самитот на НАТО. Трошоците за одбрана на ниво од два процента од бруто домашниот производ се задолжителни за сите членки, но само 5 од вкупно 28 членки се придржуваат до ова правило. Претседателот на САД Доналд Трамп, уште за време на претседателската кампања кажа дека останатите земји-членки треба да ги ги почитуваат буџетските задолженија.

На неколку места во Брисел, преку 100 меѓународни мировни активисти го одржуваат свој самит, чиј фокус не е само на помали трошоци за армијата, туку и на целосно, фазно отфрлање на НАТО во текот на наредните неколку години.

Ингеборг Бреинес од Меѓународното биро за мир, вели дека против Алијансаата постојат економски, социјални и еколошки аргументи.

„Сметаме дека трошоците за армијата се толку високи, што не остануваат средства за помош на граѓаните. Ефектот врз општествата зафатени од војна е миграцијата. Имаме и еколошки последици, ги злоупотребуваме националните ресурси, како минералите и енергија, нафтата за да ја одржуваме воената машинерија“.

Претседателот на САД Доналд Трамп, за време на кампањата, го нарече НАТО „застарен“. Подоцна во април го смени ставот и кажа дека Алијансата е „бастион на меѓународниот мир и безбедност“.

Левичарскиот француски политичар Жан-Лук Меленчон, кој сака Франција да го напушти НАТО, доби близу 20 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори кои се одржаа пред еден месец. Но, студија направена од истражувачкиот центар Пју, сепак покажува дека граѓаните од повеќето земји-членки на НАТО имаат позитивно мислење за Алијансата.

Ен Рајт е пензионирана американска полковничка и поранешен дипломат. Таа се откажала од службата поради војната во Ирак во 2003-та година, и сега е дел од Ветераните за мир. Рајт е загрижена за милитаризација на надворешната политика на САД, иако признава дека е малку веројатно дека НАТО некогаш ќе исчезне:

„Ако погледне во податоците за намалувањето на милитаризација во светот, ние не успеавме. Но, има и друг начин да се гледа на оваa ситуација. Мислам дека постои можност и дека треба да има големо намалување на сумата која се троши од страна на државите. Зголемувањето што се случи по анексијата на Крим од страна на Русија е исклучително високо“.

На еден ден пред Самитот, во Брисел се одржаа големи демонстрации против посетата на Трамп, но многу транспаренти на протестите беа критички настроени кон НАТО. Заклучоците од Контра-самитот за намалување на буџетите за Алијансата, не ги споделуваат шефовите на држави, и не постои интеракција меѓу двете страни, вели организаторот Лудо Де Брабандер.

„Дури и ако посакуваме, тоа ќе биде тешко. Јас не мислам дека овие видови на собири се сериозни, затоа што имаме пораки кои се многу поразлични од целите. Но без разлика, ние ги организираме, бидејќи е важно да се информираат граѓаните“, вели тој.

Контра-самити се организираат од 2009-та година наваму, и секогаш се совпаѓаат со Самитот на Алијансата.

НАТО членките се согласија да ја зголемат поддршката за коалицијата за борба против Исламската држава, предводена од САД, и со тоа се зголемува веројатноста дека воените буџети ќе продолжат да се зголемуваат. На НАТО отпаѓаат повеќе од половина од сумата која се троши за воените буџети, во светски рамки. Само новата зграда на Алијансата, која беше пуштена во употреба денеска, чини преку една милијарда долари.

(Мартин Ван дер Волф)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG