Линкови за пристапност

САД ќе работат Македонија побрзо да влезе во НАТО


Конгресменката Деби Дингел за членството на Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Треба да осигураме дека претседателот и Конгресот ја разбираат важноста на релацијата меѓу двете држави, рече демократската конгресменка Деби Дингел

Решавањето на спорот за името со Грција ќе придонесе кон безбедна Европа и стабилна меѓународна клима, вели демократската конгресменка од Мичиген Деби Дингел, нагласувајќи ја долгата и важна врска меѓу народот на Македонија и САД.

„Македонија ќе биде 30-та држава која ќе влезе во НАТО. Се надевам дека како што се движиме напред, преку заедничка работа и комуникација ќе овозможиме таа што побрзо да влезе во Алијансата. Тоа е особено значајно за светската безбедност“, изјави Дингел во интервју за Гласот на Америка.

Таа верува дека ако државите, вклучувајќи ја и Македонија, заедно работат во коалиција како НАТО, ефективно ќе придонесат во адресирање на многу сложени прашања, кои се значајни за одржување на светската стабилност.

„Со станувањето членка во НАТО Македонија ќе работи со други 29 држави на безбедноста на регионот и на други клучни прашања“, рече таа.

Дингел е силен поддржувач на НАТО оти смета дека преку заедничка работа и одговорност на меѓународна сцена државите се посилни.

Сепак верува дека треба да се работи на информирање на луѓето за предизвиците кои доаѓаат од Русија.

„Светот денес се наоѓа во многу комплицирана ситуација. Имаме претседател кој треба да ја разбере важната улога која САД ја имаат на глобалната сцена. Треба да работиме со пријателите во Македонија да осигураме дека претседателот и Конгресот ја разбираат важноста на оваа релација“, смета Дингел.

Истакна дека не го поддржува ставот на претседателот Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО.

Вели дека Алијансата претставува важна платформа да се разговара со други држави за различни прашања и за глобални предизвици, што на сите, вклучувајќи ја и Македонија, ќе им донесе економска стабилност и безбедна иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG