Линкови за пристапност

Столтенберг: Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО


Столтенберг: Северна Македонија наскоро ќе стане 30-та членка на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:23 0:00

Тој го повика Конгресот за поддршка на приемот на државата во Алијансата, при денешното обраќање по повод 70 години од постоење на организацијата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, при денешното обраќање во Конгресот по повод 70 години од постоење на Алијансата, нагласи дека вратата на НАТО останува отворена за Северна Македонија.

„Оваа година Република Северна Македонија го потпиша пристапниот Протокол, и со ваша поддршка Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на нашата Алијанса“, рече Столтенберг, истакнувајќи го приемот на нови држави од Централна и Источна Европа, со цел да се постигне демократија, мир и просперитет.

Столтенберг го предупреди Конгресот за заканата од Русија, велејќи дека западната клучна воена алијанса нема намера да почне нова Студена војна со Москва, туку сака да спречи воена агресија.

„Северноатлантската организација нема намера да распореди копнени нуклеарни проектили во Европа“, кажа Столтенберг, обвинувајќи ја Русија за прекршување на Договорот за ликвидарење на ракетите со среден дострел, од кој САД најавија дека се повлекуваат поради руското прекршување.

„Ние не сакаме да ја изолираме Русија. Тежнееме кон подобра релација со неа“, рече тој, и додаде:

„НАТО секогаш ќе ги преземе потребните чекори да обезбеди кредибилна и ефективна разлика“.

Столтенберг ги повика сојузниците на НАТО да трошат повеќе на безбедност за да ја исполнат целта на Алијансата, односно секоја држава да троши два процени од буџетот на одбрана до 2024 година.

Столтенберг го пофали претседателот на САД Доналд Трамп, кој првично ја нарече организацијата застарена, за неговото поттикнување на членките на Алијансата да го зголемат буџетот за одбрана.

„Имаше големо влијание“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG