Линкови за пристапност

НАТО дискутира за нуклеарната безбедност, Авганистан


НАТО дискутира за нуклеарната безбедност, Авганистан

Клинтон и европските министри за надворешни работи дискутираат за иднината на нуклеарното оружје

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја реафирмираше заложбата на нејзината земја за европските сојузници на почетокот на министерската средба на НАТО посветена на нуклеарната одбрана и Авганистан.

Клинтон четвртокот во главниот град на Естонија - Талин кажа дека САД никогаш нема да попуштат во определбата да ја бранат Естонија и другите сојузници.

Клинтон и европските министри за надворешни работи дискутираат за иднината на нуклеарното оружје на континентот, како и за потребата од дополнителни армиски инструктори за авганистанската армија.

Иако американскиот претседател Барак Обама се заложи да работи во правец на свет без нуклеарно оружје, американската влада истакнува дека нема намера да ги повлече, како што се проценува, преку 200-те нуклеарни бомби што се наоѓаат во пет земји ширум Европа.

Некои европски земји, меѓу кои и Германија, имаат побарано САД да ги отстранат своите боеви глави.

XS
SM
MD
LG