Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во четврток кажа дека страните сеуште имаат разлики во врска со предлогот, но дека планираат да продолжат да разговараат. Тој исто така ги отфрли тврдењата на Москва дека штитот може да биде употребен против Русија.
Расмусен зборуваше по средбата со рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во Брисел.
Русија во среда предупреди дека САД и НАТО наметнуваат нова трка во вооружувањето со распоредување штит за одбрана од проектили во Европа.
Минатата недела Русија официјално отвори нова против-ракетна радарска станица во регионот на Балтичкото море кај Калининград.
Русија вели дека е расположена да соработува со Запад и да работи заедно на споделување на технологија и заеднички да гради противракетен систем – предлог што НАТО веќе го отфрли.
Рускиот шеф на генералштабот Николај Макаров го постави прашањето зошто НАТО не сака да ја пресретне Русија на половина пат и сугерираше дека одбивањето на алијансата значи дека тие имаат некаква корист од тоа.
На дводневната сесија исто така ќе стане збор за напорите во Авганистан и повлекувањето на трупите од земјата во 2014, како и за мисијата на НАТО во Косово.