Линкови за пристапност

Пакистан вели не го испровоцирал НАТО


Пакистан вели не го испровоцирал НАТО
Пакистан вели не го испровоцирал НАТО

Пакистан ги негира извештаите дека ги испровоцирал прекуграничните напади на НАТО во кои се убиени 24 пакистански војници во инцидент што натамошно ги затегна американско-пакистанските релации.

Портпаролот на пакистанската армија, генералот Атар Абас во понеделник кажа дека тврдењата оти пакистанските трупи ја иницирале битката во саботата не се вистинити и дека НАТО и авганистанските претставници само бараат извинувања. Тој забележа дека немало загуба меѓу коалиционите трупи.

Неименувани авганистански претставници во саботата кажаа дека силите на НАТО и Авганистан кои патролирале во близина на пакистанската граница биле изложени на оган од пакистанската база. НАТО потоа повикал на коалициони воздушни напади кои убиле дваесетина пакистански војници во регионот Мохманд, близу авганистанската граница.

Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен вети полна истрага во, како што рече, „трагичните, ненамерни“ смртни случаи.

Генералот Абас во понеделникот кажа дека пакистанските војници биле жртви на неиспровоцирана агресија и дека пакистанската армија одговорила дури кога војници биле убиени. Тој кажа дека нападите траеле околу два часа.

Портпаролот на пакистанската армија забележа дека областа неодамна била исчистена од милитанти и дека Пакистан дал информација на НАТО за точната локација на двете пакистански армиски инсталации наречени „Вулкан“ и „Златна“.

XS
SM
MD
LG