Линкови за пристапност

Судир НАТО-Русија во врска со Либија


Русија и НАТО се судрија во врска со воздушната кампања во Либија.

Русија и НАТО се судрија во врска со воздушната кампања во Либија. Москва ја обвини Алијансата за прекршување на резолуцијата на ОН за воена интервенција, на начин, како што вели, кој им одговара на западните земји.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фон Расмусен ја бранеше мисијата во Либија за време на посетата на рускиот град Сочи, каде и се сретна со рускиот претседател Дмитриј Медведев и јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума. Зума ги предводи напорите на Африканската Унија за помош во изнаоѓање мирно решение во Либија.

Дали и како разликите ќе бидат надминати засега нема индикации.

XS
SM
MD
LG