НАТО вели дека хеликоптер се урнал во јужен Авганистан при што загинале деветмина војници, правејќи ја 2010 најсмртоносна година за меѓународните сили откако започнала војната.
Авганистански претставници велат дека хеликоптерот се урнал во вторник во дистриктот Дајкопан на провинцијата Забул.
НАТО вели дека еден коалиционен војник, еден авганистански војник и американски цивил биле повредени во несреќата.
Причината за уривањето не е јасна во моментот.
Талебан вели дека го урнале хеликоптерот, но НАТО кажа дека нема извештаи за непријателски оган во областа. Милитантната група често дава изјави за напад на странски сили.
Независна веб-страница што ги следи загинатите во Ирак и Авганистан кажа дека вторничката несреќа бројот на меѓународни трупи убиени во Авганистан годинава ја доведува до 529. Тоа е најголем број загинати за една година од почетокот на војната во 2001.