НАТО се надева дека во блиска иднина ќе и посака добредојде на Македонија како 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса, изјави денеска во Скопје командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол адмиралот Џејмс Фого.
„НАТО го цени неверојатниот напредок што го направивте и е подготвен во блиска иднина да ви посака добредојде како 30-та земја членка. Посветеноста на другите 29 сојзуници на вашата безбедност ќе ја потврди стабилноста на земјата. Ве уверувам дека НАТО ќе продолжи да обезбедува помош секаде и секогаш кога ќе може“, изјави Фого.
Facebook Forum