Линкови за пристапност

Новите зборови клучни за ревитализација на домородните јазици


Додека спроведувал истражување во језуитските архиви во Квебек, Канада во 1999-та година, Мајкл Мекаферти кој тогаш бил на пост дипломски студии наишол непознат ракопис - речник на јазикот Мјаамиа -Илиноис направен од језуитски мисионер од 17-от век.

Со околу 22.000 записи, ракописот одигра клучна улога во ревитализацијата на јазикот кој со генерации се зборувал кај домородците од племето Миами во сојузната држава Оклахома.

Во Масачусетс, лингвистиката Џеси Литл Дое Баирд, припадничка на племето Машпи Вампаноаг и ко-основачка на Проектот за подобрување на јазикот Вопанаак исто така користи стари документи за ревитализација на јазикот што изумрел пред еден век.

„Имаме најголема колекција на оригинални документи во Северна Америка“ вели таа, објаснувајќи дека мисионерите од 17-от век соработувале со племето за да создадат азбука и да ја преведат Библијата.

Денес, племето може да се пофали со двајца квалификувани лингвисти и училиште каде во предучилишна возраст и во првите одделенија се изучува Вопанаак. Баирд се надева дека програмата ќе се изучува и во иднина.

Малку озборување

Враќањето на јазикот е едно, а обезбедувањето на неговиот опстанок зависи од способноста да се изучува и да може да се пренесе на следната генерација. Тоа значи да се направи јазикот релевантен за младите денес треба да се збогати со нови зборови и фрази.

Пристапот на племињата кон предизвикот е различен.

Вопанаак заедницата го прави она што го прават и оние кои зборуваат англиски вели Баирд „Позајмуваат зборови, и ако некој во одреден момент одлучи дека нешто е важно, тие ќе му дадат назив на нивниот јазик.“

Некои племиња не позајмуваат, вели лингвистот Џејмс Ендру Ковел од Универзитетот во Колорадо, кој работи на зачувување на Арапахо јазикот.

„Мислам дека ваквиот приод ја задржува нивната перспектива за некој предмет, и на тој начин, тие чувствуваат дека нивната култура и нивните системи на значење се се` уште присутни во јазикот“ вели Ковел.

Напори на заедницата

Воведувањето на нови зборови не се ништо ново за племињата, смета Бен „Црна мечка“ Сикангу Лакота и основач на Одделот за студии за Лакота на Универзитетот Синте Глеска во резерватот Розбуд во Јужна Дакота.

„Во раните 1900-ти, кога биле основани резерватите, припадниците на Лакота морале да создадат зборови за сите нови работи што никогаш пред да дојдат Европејците - дрвени куќи, облека, автомобили“ вели тој.

Често, тоа го правеле со опишување на атрибутите на објектот.

Финансирање предизвици

Порано, Домородните Американци од Алјаска и по цела Америка зборувале околу 300 јазици. Но, долгите конфликти, принудното преселување и асимилација предизвикало половината од нив да исчезнат.

Дали преживеаните јазици можат да опстојуваат зависи од финансирањето од владата и приватните донатори.

Во 1990-та година, Конгресот го усвоил Актот за американски домородни јазици, преземајќи ја одговорноста САД да им помогне на племињата да го зачуваат својот јазик, нудејќи финансиски средства преку различни програми.

Но племињата се жалат дека финансирањето е нерамномерно и недоволно за да ги задоволи нивните потреби.

Неделава Националната фондација за хуманитарни науки, во соработка со Институтот за развој на првите нации најави грантови за поддршка на напорите за ревитализација на јазикот кај 13 племиња.

Вампаноаг од Масачусетс ќе добие 90.000 долари за да им помогне да го прошират своето јазично училиште.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG