Линкови за пристапност

Македонија на пат да стане авторитарен режим


Македонија на пат да стане авторитарен режим
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Ова ќе се случи ако државата не ја поправи оценката од 4,43 во годинешниот извештај на „Фридом хаус“, која покажува драстичен пад на демократијата, вели авторот Јован Близнаковски

Клучно за намалување на рејтингот на државата е ескалација на политичката криза, која не може да се разреши низ институциите на системот, вели Јован Близнаковски, автор на извештајот за Македонија на „Фридом хаус“.

Според него, Македонија е на пат да стане авторитарен режим, ако не ја поправи оценката од 4,43 во годинешниот извештај на „Фридом хаус“, која покажува драстичен пад на демократијата.

„Кулминацијата на падот на демократските вредности е поради неможноста државата да се справи со политичката криза и со последиците од прислушуваните разговори. На рејтингот влијаат и помилувањата на претседателот Ѓорге Иванов и непријателскиот однос на владејачката партија кон меѓународната заедница и граѓанското општество“, вели Близнаковски.

Тој вели дека мора итно да се формира парламентарно мнозинство и влада за да се овозможи трансфер на власта, оти во спротивно државата ќе се соочи со уште понизок рејтинг.

„Имаме ситуација во која државата не може да формира влада, иако има јасни сигнали дека постои парламентарно мнозинство. Ова е голем проблем, кој доколку се случеше во 2016-та година, падот ќе беше уште поголем“, рече тој.

На рејтингот влијаат и помилувањата на претседателот Ѓорге Иванов и непријателскиот однос на владејачката партија кон меѓународната заедница и граѓанското општество, вели Близнаковски.

Близнаковски вели дека мора да се отстранат пречките за работа на Специјалното јавно обвинителство и да се престане со политичка злоупотреба на етничките прашања.

И за директорот на извештајот „Држави во транзит“ Нејт Шенкан етничката поделба е само изговор на една политичка партија да го промени фокусот од вистинските проблеми.

„Важно е да се формира влада и да му се дозволи на Специјалното обвинителство да продолжи да работи. Ако тоа се случи, етничката поделба ќе се реши, како што била решавана и претходно, во рамки на Уставот“, вели Шенкан.

И двајцата посочуваат четири клучни области потребни да се реформираат: демократско владеење, судство, изборен систем и корупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG