Американската сојузна држава Аризона ќе испрати 225 војници на Националната гарда на границата со Мексико.
Гувернерот Даг Дуси денеска изјави дека дополнително ќе бидат распоредени и други војници.
Тој најави дека војниците ќе бидат распоредени на границата на Аризона со Мексико, во близина на Тусон, каде нема ѕид.
„Истото се случи и во времето на претседателот Обама, кога претседателот Буш беше на власт, така што не е ништо ново и уникатно претседателот Трамп да повика војници да ја чуваат границата со Мексико“, изјави гувернерот на Аризона.
Граничните држави Ново Мексико и Калифорнија не испратија војници, иако гувернерот на Ново Мексико посочи дека државата ќе учествува во таквата активност.
Гувернерот на Калифорнија, пак, не кажа како ќе постапи неговата држава.
Facebook Forum