Линкови за пристапност

Хрватските Американци со поддршка за членството на Македонија во НАТО


Хрватските Американци со поддршка за членството на Македонија во НАТО
Хрватските Американци со поддршка за членството на Македонија во НАТО

„Го цениме гестот на претстојниот Самит на НАТО во Лисабон, ако дадете целосна поддршка за полноправно членство на Република Македонија во НАТО“, се вели писмото на Националната федерација на Хрватите во САД до американскиот претседател Барак Обама, упатено неколку дена пред Самитот на Алијансата.

Потписникот, претседателот на организацијата на хрватската дијапора во САД, Џон Краљиќ, наведува дека хрватските Американци не се задоволни што само Македонија остана надвор од НАТО и ќе продолжат да го поддржуваат приемот на замјата во Алијансата, како што тоа го правеа за приемот на Хрватска и Албанија.

„Македонија е силен сојузник на САД во војната против тероризмот и нејзиното членство во Алијансата дополнително ќе ја зацврсти регионалната стабилност на Југоисточна Европа“, се наведува во писмото.

Националната федерација на Хрватите во САД смета дека членството на Македонија ќе ги охрабри и другите држави во регионот, како Босна и Херцеговина, да преземат неопходни чекори во иста насока.

XS
SM
MD
LG