Линкови за пристапност

Наскоро веб-верзија за „Threads“ – „Meta“ во обид да ги врати изгубените корисници


За нешто повеќе од еден месец, дневните активни корисници на „Threads“ преку „Android“ паднаа на 10,3 милиони од 49,3 милиони.
За нешто повеќе од еден месец, дневните активни корисници на „Threads“ преку „Android“ паднаа на 10,3 милиони од 49,3 милиони.

„Meta“ треба да ја промовира веб-верзијата на својата нова платформа за социјални медиуми „Threads“, прва текстуална конкуренција на „X“ (поранешен Твитер). Ова следи по падот на корисници на мрежата.

Веб-верзијата би ја направила социјалната мрежа „Threads“ покорисна за моќните корисници како што се брендовите, компаниите, огласувачите и новинарите.

Од „Meta“ не кажаа кога би ја стартувале веб-верзијата, но првиот човек на „Instagram“, Адам Мосери рече дека то би било наскоро.

„Блиску сме до веб-страница...“, напиша Мосери на „Threads“ во петокот. Според извештајот на „ Wall Street Journal“ стартувањето на веб верзијата би можело да се случи оваа недела.

„Threads“, која беше лансирана како апликација за корисници на смарт телефони „Android“ и „iOS“ на 5 јули годинава и доби 100 милиони корисници за само пет дена, ја забележа својата популарност која опадна бидејќи корисниците се вратија на попознатата платформа „X“ по тестирањето на новата понуда на „Meta“.

Според платформата за анализи „Similarweb“ од 10 август, за нешто повеќе од еден месец, дневните активни корисници на „Threads“ преку „Android“ паднаа на 10,3 милиони од 49,3 милиони.

Во меѓувреме, раководството брзо наоѓа начини за нови функции. „Threads“ сега нуди можност за поставување известувања за објави за корисниците и нивно прегледување и тоа хронолошки.

Наскоро ќе воведе подобрено пребарување кое би можело да им овозможи на корисниците да бараат конкретни објави, а не само корисници на социјалната мрежа.

XS
SM
MD
LG