Линкови за пристапност

Објектите на НАСА и климатските промени


Научниците велат дека повеќе објекти на НАСА се директно загрозени од растечкото ниво на водата во чија близина мора да се поставени.

Американски научници велат дека глобалното затоплување ја принудува НАСА да гради бариери за запирање на водата во близина на главните центри за летови и истражување по должина на американските брегови.

Извештај на Унијата на загрижени научници вели дека растечкото ниво на морето се најголема опасност за историскиот Вселенски центар Кенеди, по должина на Атлантскиот Океан во Флорида. Унијата вели дека други објекти на НАСА веќе се соочиле со скапа штета заради ерозија и урагани.

НАСА вели дека е клучно лансирните подлоги да бидат лоцирани во близина на вода за случај пробните летови да бидат прекинати во воздух или ако технички проблем ги принуди астронаутите итно да се вратат на Земјата.

Други клучни објекти на НАСА се лоцирани по должина на Заливот на Мексико и на Пацификот.

Извештајот вели дека растечките води се закана за други историски места, вклучувајќи го колонијалниот Бостон, хавајските државни паркови, и Островот Либерти во Њујоршкото пристаниште.
XS
SM
MD
LG