Линкови за пристапност

Астронаутите ја одложија работата на пумпата


Проблемите за астронаутите на Меѓународната вселенска станица продолжуваат, сега со облеката на еден од нив

Двајца астронаути од американската вселенска станица ја завршија нивната првична работа побрзо од планираното за време на вселенската прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица, но проблем со вселенската облека ја одложи втората вселенска прошетка за еден ден.

Проблемот произлезе од единицата за ладење во вселенската облека на ветеранот астронаут Рик Мастрачио по враќањето во Меѓународната вселенска станица. НАСА вели дека проблемот не е поврзан со ситуацијата во јули кога се` уште необјаснет проблем предизвика италијанскиот астронаут речиси да се удави, кога неговата кацига се наполни со вода за време на вселенската прошетка. Саботното излегување надвор од орбитерот е прво од тогаш.

Втората вселенска прошетка што беше планирана за понеделник сега ќе се случи во вторник.

Мастрачио и Мајк Хопкинс ја отстраниле расипаната пумпа за амонијак во саботата, за време на петчасовната работа надвор од орбитерот. Расипаната пумпа затвори дел од критичниот систем за ладење на станицата пред неколку дена.
XS
SM
MD
LG