Линкови за пристапност

Паметните телефони како сателити


Паметните телефони денес ги користиме за разговор, за сликање, наоѓање адреси, ориентација... Еве како НАСА ги користи:

Кога ракетата Антарес беше лансирана од објект во Вирџинија на пробен лет во неделата, приватно направен носач симулираше карго-летало што еден ден ќе биде испратено до Меѓународната вселенска станица. Но Антарес исто така во орбитата постави неколку нови мини-сателити, главно со компоненти на паметни телефони.

Трите вакви направи се наречени Александар, Грахам и Бел, според пронаоѓачот на телефонот. Тие се мали коцки, со величина на шолја за кафе и тежат малку повеќе од еден килограм. Во средиштето на секоја од овие направи е телефон, чиј брз микропроцесор управува со оперативниот систем, служи како компјутер на леталото.

Џим Кокрел е менаџер на проектот во НАСА:
„Некој постави прашање – може ли да летаме со мобилни телефони кои ќе функционираат како сателити и кои имаат нешто со голема способност, а многу евтино?! Ова е проектот што треба да одговори на тоа прашање.“

НАСА вели дека од трите телефони кои оперираат во орбитата трансмисии се примени на различни станици на Земјата.

Инженерите потрошиле меѓу 3.500 and 7.000 долари за компоненти на телефоните. Додале поголема батериска банка и посилно радио за испраќање на пораки.

Истражувачите ќе ги набљудуваат сателитите во орбитата околу две недели. Секој сателит ќе емитува сигнал секои 30 секунди.

Телефонските сателити ќе се обидат да направат слики на нашата планета како и да испратат информации преку радио назад на Земјата.
XS
SM
MD
LG