НАСА соопшти дека по втор пат во историјата, објект направен од човек стасал до меѓуѕвездениот простор. Нивната сонда „Војаџер 2“ ја преминала хелиосферата - заштитниот меур составен од честички и магнетни полиња создадени од Сонцето.
Научниците од НАСА велат дека „Војаџер 1“ ја преминал бариерата во 2012-та година. Двете сонди биле лансирани во 1977-та година и биле дизајнирани да патуваат пет години за да спроведат истражувања на Јупитер и Сатурн.
Но, со репрограмирање нивните мисии биле продолжени, овозможувајќи им да ги прелетаат најоддалечените планети,Уран и Нептун, и да продолжат да патуваат во просторот надвор од влијанието на сонцето.
„Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ се напојуваат со користење на топлина од фисија на радиоактивен материјал, што се намалува за околу четири вати годишно. Затоа многу делови и како и камерите биле исклучени.
Тоа бараше различни делови од „Војаџер“ вклучувајќи ги и камерите на двете вселенски летала, за да бидат исклучени за да се заштеди на енергија.
Иако сондите ја напуштиле хелиосферата, НАСА вели дека не е точно да се каже дека тие го напуштиле и сончевиот систем.
Facebook Forum