Линкови за пристапност

Кои се астронаутите на НАСА, дел од историската вселенска мисија на „СпејсЕкс“?


Ако утрешното лансирање биде попречено поради времето, ќе биде поместено за в сабота

Утрешното планирано лансирање на ракетата на „СпејсЕкс“ од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, ќе биде прво од американско тло со човечки екипаж изминатава деценија, како и прва мисија за приватна компанија.

Претседателот Доналд Трамп, и потпретседателот Мајк Пенс, ќе присуствуваат на настанот. Ако лансирањето биде попречено поради времето, ќе биде поместено за в сабота.

Ракетата Фалкон 9 компанијата „СпејсЕкс“ ќе ја носи капсулата Драгон со астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен до Меѓународната вселенска станица.

Еве кои се астронаутите кои ќе ја изведат оваа мисија:

Роберт Бенкен

Четириесет и деветгодишниот Роберт Бенкен од сојузната држава Мисури, е астронаут на НАСА од 2000 година, а претходно бил дел од две вселенски мисии, во 2008 и 2010 година.

Двете мисии биле фокусирани на зголемување на капацитетот на Меѓународната вселенска станица, преку поправки и инсталација на нов материјал.

Во целина, Бенкен има поминато повеќе од 25 дена во вселената.

Даглас Харли

Астронаутот на НАСА Даглас Харли (53), е инженер кој бил пилот во две вселенски мисии.

Храли почнал со обука за летање во Тексас во 1989 година, по што трипати бил распореден на Пацификот. По дипломирањето учествувал во тестирање на системи и квалитет на летање.

Вкупно поминал 5.500 часови во повеќе од 25 авиони. Тој бил избран во програмата за астронаути во 2000 година. Има 12 години кариера во НАСА, со поминати 25 дена во вселената.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG