Линкови за пристапност

НАСА испраќа сонда директно во атмосферата на сонцето


„Паркер“ ќе орбитира на 4 милиони милји од површината на Сонцето, што е за околу осум пати поблиску, споредено  со кое било летало досега

НАСА соопшти дека наредната година ќе започне мисија за испраќање вселенско летало директно во атмосферата на сонцето.

Сондата „Паркер“ ќе собере податоци за соларната активност и се очкува да долови подобра идеја за тоа како настаните на релација вселена - временски услови, ќе можат да влијаат на животот на Земјата.

„Паркер“ ќе орбитира на 4 милиони милји од површината на сонцето, што е за околу осум пати поблиску, споредено со кое било летало досега.

НАСА го обелодени планот на Универзитетот на Чикаго за време на церемонијата во чест на астрофизичарот Јуџин Паркер.

Тој беше првиот научник којшто го проучувал феноменот, сега познат како соларни ветрови.

Сонадата „Паркер“ се очекува да биде лансирана во август, 2018-та година, а мисијата е предвидено да трае до јуни, 2025-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG