Американската вселенска агенција- НАСА објави снимки од новиот сателит што го истражува Сонцето – први од таков вид.
Истражувачите, кои претставија фотографии и куси видео сегменти во Вашингтон, велат дека благодарение на нив веќе научиле нови работи од Опсерваторијата за сочарна динамика, но допрва треба да ги објават тие сознанија.
Сателитот беше лансиран на 11-ти февруари.
НАСА наведува дека новите снимки покажуваат досега невидени детали од движењето на материјал нанадвор и подалеку од дамките на Сонцето.
Новиот сателит испраќа фотографии што имаат 10-пати подобра резолуција отколку телевизијата со висока дефиниција.
Сателитот ќе го истражува и магнетното поле на Сонцето и ќе ја проучува улогата што Сонцето ја игра во атмосферата и климата на Земјата.