Линкови за пристапност

НАСА со сериозна цел, присуството на Месечината да биде рутинско


Вселенското летало „Артемис 4“ е изложено во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, 16 декември, 2024
Вселенското летало „Артемис 4“ е изложено во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, 16 декември, 2024

НАСА прави напори да ги врати астронаутите на површината на Месечината и да воспостави рутинско присуство на Месечината. Вселенската агенција  вели дека ќе ја турка следната мисија на својата програма Артемис од крајот на 2025 година до почетокот на 2026 година. Известува Кејн Фарабо

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, го започна своето ажурирање на почетокот на декември за напорите на американската вселенска агенција да ги врати астронаутите на Месечината, нагласувајќи ја сложеноста на мисијата Артемис.

„Тоа е најхрабриот, технолошки предизвикувачки, меѓународен обид за соработка што човештвото некогаш го направило“, истакна Нелсон.

НАСА прави напори да испрати повторно луѓе на Месечината
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Артемис 1 беше првиот чекор на НАСА во враќањето на Месечината и беше пробен лет без екипаж кон крајот на 2022 година. Кога вселенското летало Орион на Артемис 1 се врати во атмосферата на Земјата, персоналот на НАСА забележа проблеми со топлинскиот штит на капсулата наменета за заштита на астронаутите внатре, ставајќи ја во сомнеж веродостојноста на вселенското летало и иднината на Артемис.

Безбедноста на нашите астронаути е секогаш на прво место во нашите одлуки
Бил Нелсон, Главен администратор на НАСА

„Топлина беше акумулирана во надворешниот слој на топлинскиот штит“, објасни заменик администраторката на НАСА и поранешна астронаутка Пем Мелрој.

Таа вели дека во последователната студија на НАСА за проблемот нашла решение, а со тоа, вселенското летало Орион ќе лета во идните мисии.

„Нашиот тим ја идентификуваше вистинската причина за проблемот со топлинскиот штит на Артемис“, додаде Мерлој.

Првата мисија на Месечината со Артемис 2 првично беше закажана за крајот на 2025 година со орбитирање, но не и да слета на површината на Месечината.

Поправањето на проблемите со топлинскиот штит и траекторијата за повторно влегување на вселенското летало Орион сега ја принудува НАСА да го одложи датумот на лансирање на Артемис 2 до април 2026 година. Артемис 3, која планира да приземји астронаути во близина на лунарниот јужен пол, сега е закажана за средината на 2027 година.

„Безбедноста на нашите астронаути е секогаш на прво место во нашите одлуки“, посочи Нелсон.

Членовите на тимот за мисијата „Артемис“ присуствуваа на отворениот ден за медиумите во вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, 16 декември, 2024
Членовите на тимот за мисијата „Артемис“ присуствуваа на отворениот ден за медиумите во вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, 16 декември, 2024

Администраторот на НАСА Нелсон ја истакна геополитичката важност да се обезбеди дека програмата Артемис може безбедно и сигурно да транспортира астронаути на Месечината пред Кина да го направи тоа до 2030 година.

„Важно е поради областа каде што мислиме дека има потреба, а тоа е јужниот пол, првенствено поради присуството на вода, но и да го воспоставиме нашето присуство таму пред Кина да стапне таму и да ни каже... држете се подалеку“, посочи Нелсон.

Нелсон, исто така, ги оправда одлуките за прилагодување на временската рамка на Артемис и покрај промената во претседателската администрација во јануари што може да доведе до дополнителни прилагодувања, истакнувајќи дека ракетите за Артемис 2 веќе се подготвуваат за лансирање.

„Животот на цврстите ракетни засилувачи има одредено дефиниран век. Значи, требаше да ја продолжиме оваа работа за да можеме да останеме на оваа временска линија“, истакна Нелсон.

По лансирањето на Артемис 2, мисијата може да влезе во историјата и со испраќање на првата жена и првата обоена личност околу Месечината. Идните мисии на Артемис сè повеќе ќе вклучуваат опрема од комерцијални компании како Спејс Икс и Блу Ориџин.

XS
SM
MD
LG