Линкови за пристапност

НАСА постави нов директор за истражување на вонземски живот


НАСА ќе ги зголеми напорите за собирање информации за неиденификувани летачки објекти и ќе игра поголема улога во помагањето на Пентагон да ги открие
НАСА ќе ги зголеми напорите за собирање информации за неиденификувани летачки објекти и ќе игра поголема улога во помагањето на Пентагон да ги открие

НАСА денес соопшти дека именувала нов директор за истражување на она што владата го нарекува „неидентификуван аномален феномен“, додека шефот на американската вселенска агенција рече дека експертската комисија, која побара пронаоѓање повеќе факти за ова прашање, не најде докази за вонземско потекло на овие објекти.

Администраторот Бил Нелсон го објави новиот шеф на истражувањето - иако не го откри идентитетот на лицето - откако независниот панел експерти препорача НАСА да ги зголеми напорите за собирање информации за неиденификувани летачки објекти и да игра поголема улога во помагањето на Пентагон да ги открие.

Нелсон за време на прес-конференција го даде и своето лично мислење дека живот постои надвор од Земјата.

„Ако ме прашате дали верувам дека има живот во универзум кој е толку огромен што ми е тешко да разберам колку е голем, мојот личен одговор е „да““, додаде Нелсон.

Владата на САД во изминатите неколку години направи неколку обелоденувања на информации што ги собра во врска со темата што некогаш беше пресретната со виртуелен официјален молк.

Владата издаде извештај во 2021 година, составен од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање во врска со работната група предводена од морнарицата, кој опфаќа бројни набљудувања - главно од воен персонал - на неиденификувани летачки објекти.

XS
SM
MD
LG