Во моментов НАСА на Марс има два роботски ровера кои ја истражуваат неговата површина – „Опортјунити“ - Opportunity и „Кјуриозити“ - Curiosity. Овие два ровера, заедно со (Sojourner & Spirit) од претходните две мисии, користат и користеа специјално направени тркала за да можат да се движат.
Сега, НАСА сака да употреби различен начин за движење околу Марс. Како дел од планираната мисија Марс 2020 - Mars 2020 mission, американската агенција за вселенско истражување, соопшти дека ќе испрати мал, беспилотен хеликоптер – во рамки на новата генерација ровери.
НАСА неодамна најави дека мисијата со хеликоптерите ќе биде на 30-дневна тест-операција над површината на Црвената планета.
Агенцијата додаде дека планирани се пет тест-летови во времетраење до 90 секунди.
НАСА планира да ја лансира мисијата Марс 2020 во јули или август 2020-та, со слетување на Црвената планета некаде во февруари, 2021-та.
Facebook Forum