Линкови за пристапност

НАСА очекува раѓање на планети слични на нашата


Има доволно хелиум и хидроген во вселената што најверојатно ќе доведе до формирање на нови ѕвезди и планети.

Употребувајќи информации од вселенскиот телескоп Хабл опсерваторијата Кеплер, астрономите биле во состојба да видат околу 10 милијарди години „назад во времето“, кога со голема брзина биле создадени ѕвездите. Значи, нашиот соларен систем е стар околу 4,6 милијарди години.

Тие велат, бидејќи создавањето на ѕвездите е забавено, има доволно хелиум и хидроген, што најверојатно ќе доведе до формирање на нови ѕвезди и планети во иднина.

„Има доволно потребен материјал за создавање на уште повеќе планети во Млечниот пат и подалеку“ вели Моли Пиплс, една од истражувачите од Вселенскиот телескопски научен институт во Балтимор.

Времето е наклонето кон создавање на нови ѕвезди и планети.

НАСА вели дека последната ѕвезда во универзумот најверојатно ќе згасне за 100 трилиони години.

Астрономите веруваат дека нашата галаксија, Млечниот пат, има една милијарда планети со димензија како Земјата, голем дел од нив имаат карпеста површина. Колку од нив се на идеална далечина од нивната ѕвезда која може да дозволи формирање на вода во течна состојба, не е познато.

Да се добие идеја за бројот на потенцијални „Земји“ во универзимут што го познаваме, треба да се помножи тој број со 100 милијарди - бројот на набљудувани галаксии.

XS
SM
MD
LG