Истражувачот на Месечевата атмосфера и правлива средина, или скратено ЛАДИ, е беспилотно летало, големо колку автомобил. 100 дена ќе собира информации додека орбитира околу Месечината.
Научниците сакаат да дознаат повеќе за ретката атмосфера на Месечината, затоа што веруваат дека можеби е честа појава Сончевиот систем. Новите информации би им помогнале подобро да ги разберат астероидите и планетите.
ЛАДИ исто така ќе собере информации за месечевата прашина, за нејзиниот електричен набој, густина и маса.
Таа не е толку ситна како онаа на Земјата, вели главниот истражувач во проектот ЛАДИ, Батлер Хајн:
„Може да навлезе во опремата, така што прашањето од инженерски аспект е - како да направите работи на кои правта нема да им наштети?“, вели Хајн.
Астронаутите кои стапнаа на Месечината 1960-тите, известија за сјај пред изгрејсонце, и НАСА сака да дознае дали тоа се должи на наелектризираната месечева прашина.
Научничката Сара Нобл смета дека сега е вистинско време да се продолжи со истражување на Месечината:
„Има многу држави, приватни компании кои планираат да стапнат на Месечината во наредните години, така што ова е добро време таа да се истражи, додека се наоѓа во речиси недопрена состојба“, смета Нобл.
Астрономите на Ај-фон може да симнат бесплатна апликација и да ги споделат своите соглледувања додека трае мисијата на ЛАДИ.