Линкови за пристапност

60 години НАСА


Интересот за истражување на вселената постои уште од времето кога човекот живеел во пештера и ги гледал ѕвездите

Американскиот сон за истражување на вселената официјално почна пред 60 години, кога претседателот Двајт Ајзенхауер потпиша закон, согласно кој се формираше Американската вселенска агенција (НАСА).

Интересот за истражување на вселената постои уште од времето кога човекот живеел во пештера и ги гледал ѕвездите.

Светот беше воодушевен кога Советскиот сојуз го лансираше Спутник - првиот вештачки објект, на 4-ти октомври 1957-ма година.

САД тоа го доживеаја како свој неуспех, не само технолошки, туку и воен.

Ајзенхауер нареди научници не само да ги стигнат Русите во вселената, туку и да ги надминат.

Програмите на НАСА Меркури, Џемини и Аполо, станаа дел од секојдневието.

Само 11 години, откако Ајзенхауер ја овласти НАСА, американскиот астронаут Нил Армстронг го направи првиот чекор на Месечината.

Шест години подоцна, вселенското летало Аполо поврзано со Советскиот сојуз во орбитата, го претвори ривалството во пријателство и соработка.

НАСА континуирано напредува, а мисијата со човечки екипаж на Марс е дел од идните нејзини планови.

Минатиот месец, претседателот на САД Доналд Трамп повика на формирање „вселенска сила“, како шеста американска воена гранка.

НАСА официјално ја прослави 60-годишнина на први октомври, денот кога Агенцијата официјално беше отворена за работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG