Аеро-вселенската компанија Локхид Мартин објави дека успешно комплетирала круцијален тест на вселенското летало Орион со цел астронаутите на НАСА да можат евентуално, наскоро да се вратат на Месечината.
Компанијата објави видео во четвртокот од последните тестови во фабриката Ватертон Канион во близина на Литлтаун во Колорадо.
Од Локхид Мартин соопштија дека тестот бил успешен и новите механизми Џетисон ќе ѝ помогнат на компанијата да изгради нови верзии на Орион.
НАСА се надева да го стартува Вселенскиот систем за лансирања на почетокот од 2021-ва. Мисијата на американската вселенска агенција за Месечината е закажана за 2024-та, и ќе биде прва од 1972-ра.
Facebook Forum