Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека нејзината нова роботска сонда успешно слетала на Марс, како дел од уникатната мисија за истржување на внатрешната структура на оваа планета.
По патување стотици милиони километри во вселената, во рок од шест месеци, сондата „Инсајт“ вчера успешно се спушти на површината на Марс.
Инженерите во Контролата за летање во Калифорнија беа пресреќни по добивање на информацијата дека сондата го преживеала опасното слетување.
Минути подоцна, контролорите ја добија првата фотографија од површината на планетата.
Потпретседателот на САД Мајк Пенс се јави во НАСА неколку секунди по слетувањето за да им честита на сите што работеле на овој проект.
Слетувањето се славеше насекаде во САД, а пренос во живо имаше и на огромен екран на „Тајмс сквер“ во Њујорк.
Последниот успешен обид на НАСА за слетување на Марс беше пред шест години.
Facebook Forum