За да заштеди енергија, НАСА исклучи уште еден научен инструмент на своето долгогодишно вселенско летало Војаџер 2.
Вселенската агенција соопшти дека научниот инструмент за плазма на Војаџер 2 - дизајниран да го мери протокот на наелектризираните атоми - бил исклучен кон крајот на септември за да може леталото да продолжи да истражува што е можно подолго, што се очекува во 2030-тите.
НАСА исклучи пакет инструменти на Војаџер 2 и неговиот близнак Војаџер 1 откако ги истражуваа гасните џиновски планети во 1980-тите. И двете се моментално во просторот помеѓу ѕвездите. Плазма инструментот на Војаџер 1 одамна престана да работи и беше исклучен во 2007 година.
Четири преостанати инструменти на Војаџер 2 ќе продолжат да собираат информации за магнетните полиња и честички. Неговата цел е да ги проучи деловите од вселената надвор од заштитниот меур на сонцето.
Лансиран во 1977 година, Војаџер 2 е единственото вселенско летало што ги посети Уран и Нептун. Во моментов е на повеќе од 19,31 милијарди километри од Земјата. Војаџер 1 е оддалечен преку 24,14 милијарди километри од Земјата.
Извор: Асошиетед прес