Линкови за пристапност

Летало на НАСА слета на древен астероиод и можеби собрало честички за првпат во историјата


На научниците ќе им биде потребна една недела да утврдат колку материјал бил собран

Летало на вселенската агенција НАСА кусо слета на древен астериод Бену за да собере прашина и честички со цел да ги донесе на Земјата.

НАСА соопшти дека мисијата на леталото „Озирис-Рекс“ завршила како што било очекувано, но, оти на научниците ќе им биде потребна една недела да утврдат колку материјал бил собран.

Ако не биле собрани доволно честички, леталото ќе има уште еден обид да слета на друга локација на Бену во јануари.

Научниците се заинтересирани за овој астериод бидејќи веруваат дека содржи материјал од раниот Сончев систем, и оти може да има информации за животот и океаните на Земјата.

Леталото „Озирис-Рекс“ ќе орбитира околу астеридот до наредната година, кога ќе почне да се враќа назад на Земјата. Се очекува да слета со примероци во 2023 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG