Линкови за пристапност

Збунувачка космичка експлозија


Збунувачка космичка експлозија
Збунувачка космичка експлозија

Американската вселенска агенција, НАСА, внимателно ги проучува необичните последици од космичка експлозија 3,8 милијарди светлосни години од Земјата што продолжи да емитува високо-енергетска радијација многу подолго отколку што се очекуваше.

НАСА вели дека космичкиот настан е невообичаен бидејќи блесок на икс-зраци, што типично индицира уништување на масивна ѕвезда, траел со денови, наместо со часови. Тоа што уште повеќе ги збунува научниците, агенцијата вели дека е тоа што наместо полека да се губи, блесокот се интензивирал за пет пет пати повеќе од оригиналната светлина што појавила на 3 април.

НАСА вели дека јачината на светлината и варијабилноста на сноповите на икс-зраци се поголеми од кога било порано набљудуван феномен од ваков тип. Вселенската агенција вели дека го држи вселенскиот телескоп Хабл на сцената на експлозијата, во центарот на мала, далечна галаксија, за да утврди дали има некакви промени на светлината на јадрото на галаксијата.

Астрономите шпекулираат дека длабоката вселенска експлозија и емисијата на икс-зраци може да се резултат на ѕвезда што се распарчила од моќни гравитациони сили на супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на далечната галаксија. Такви црни дупки, со маса милион пати поголема од онаа на сонцето, може да се најдат во центарот на најголем дел од галаксиите, вклучувајќи го нашиот Млечен пат.

Да го видите имиџот на настанот, појдете на: http://www.nasa.gov/images/content/533746main_grb110328a.jpg

XS
SM
MD
LG