Одбројувањето започна.
НАСА има само уште две лансирања на шатл летала.
Американската вселенска агенција ќе ја пензионира својата шатл флота следната година и охрабрува развивање на комерцијални возила за патување на луѓе во вселената.
Спејс шаталот Дискавери треба да биде лансиран на 1 ноември. Минатата недела инженерите најдоа дека Дискавери има пукнатина од каде истекува гориво.
Џон Шенон, менаџер на спејс шатал во Вселенскиот летачки центар на НАСА во Хјустон, Тексас, на новинарите им кажа дека ситуацијата е под контрола и дека сега изгледа дека се` е во ред.
Дискавери ќе носи астронаути на 11-дневна мисија. Тоа ќе биде 35-та шатал мисија до Меѓународната вселенска станица.
Дискавери ќе го однесе последното парче опрема до американскиот сегмент на станицата (Leonardo Permanent Multipurpose Module).
Новата модула ќе обезбеди дополнителен простор за истражување и складирање.
НАСА вели дека Дискавери летал во вселената повеќе од кое било друго возило, со 38 патувања и 352 денови во орбитата. Дискавери минал повеќе од 230 милиони километри и ја обиколил земјата 5,628 пати откако за прв пат е лансиран во 1984.
Други значајни факти врзани со Дискавери е носењето на првата жена-пилот на вселенското возило, најстариот човек што летал во вселената, првиот Африкански-Американец што извел вселенска прошетка, првиот космонаут што летал на американско вселенско возило. И првиот актуален член на Конгресот што летал во вселената.
Дискавери и овој пат ќе направи историја – ќе го понесе Robonaut2, првиот човечки робот во вселената.