Линкови за пристапност

Наместо да биде обединување „Манифестот“ ги заостри разликите  


Flags of EU and North Macedonia
Flags of EU and North Macedonia

За едната страна е добра основа за водење на преговорите со ЕУ, за другата е показател дека мнозинството нема осет за градење консензус. Така власта и опозицијата му пристапуваат на Манифестот, иницијатива зад која застанаа партиите кои се дел од владејачката коалиција. Документот, напишан на неколку страници, наместо да ги доближи ставовите, дополнително ги засили разликите меѓу блоковите предводени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократите сметаат дека манифестот е во рамки на државните „црвени линии“ за заштита на идентитетот и јазикот во процесот на преговори со Унијата.

Манифест за ЕУ, опозицијата не прифајќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

„ Во овој документ јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија. Сега е потребно обединување околу овој Манифест со кој сите заеднички ќе се обврземе за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Очекуваме и други политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон овој Манифест и со тоа на дело да покаже и докаже дека навистина е за ЕУ“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ брзо стигна одговорот на повтореното барање за Манифестот кој, меѓу другото, значи и поддршка на процесот за уставни измени.

„Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата на Манифестот зад кој досега застанаа СДСМ, ДУИ, ЛДП, Алијанса за Албанците, НСДП, ДОМ, ДПА е обединување заради европската иднина на земјата. Документот поделен во два сегмента - првиот потврдува дека мнозинството на граѓаните за за членство во ЕУ, а во вториот се наведуваат целите за кои се залагаат иницијаторите – преговори на брза трака на рамноправна основа, засилена и континуирана соработка меѓу политичките партии без разлика кој е на власт, неприфаќање на какви било разговори за македонскиот јазик...

Истовремено, Манифестот го повикува Собранието да ги усвои уставните измени без дополнителни одлагања. Документот се обелоденува на само десетина дена пред пленарната седница за уставни измени. За почетокот на процесот на отворање на Уставот неопходна е двотретинска поддршка во Собранието, нешто што засега мнозинството го нема.

XS
SM
MD
LG