Линкови за пристапност

Македонија: Нова иницијатива за консензус за името


Македонија: Нова иницијатива за консензус за името
Македонија: Нова иницијатива за консензус за името

Прашањето што нам ни се наметнува како дилема е до кога македонската етничка заедница и политичките партии ќе ја продолжат оваа агонија со нерешено име и со блокиран евроинтеграциски процес, рече Мехмети од ДУИ.

Нов обид за постигнување на национален кнсезус по прашањето за проблемот со името овој пат доаѓа од ДУИ. За причините за ваквата иницијатива зборуваше Ермира Мехмети.

„Прашањето што нам ни се наметнува како дилема е до кога македонската етничка заедница и политичките партии ќе ја продолжат оваа агонија со нерешено име и со блокиран евроинтеграциски процес. Всушност ова е клучната дилема, а не е дилемата до кога ДУИ ќе издржи“, вели Ермира Мехмети Деваја, од ДУИ.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски не сакаше да ја коментира иницијативата бидејќи како што вели не слушнал за неа. Тој смета дека проблем за постигање на консензус по прашањето за името е опозицијата која според него проблемот со името го користи за постигање на политички поени.

„Сметам дека тоа што самиот спор се злоупотребува често во политички контекст за освојување на краткорочни или долгорочни политички поени оневозможува една сериозна, стабилна и зрела јавна дебата. Државниот врв во овој момент има усогласени ставови, има јасни позиции и има решителност дека Македонија треба да го продолжи овој македонско-грчки дијалог“, рече Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

Од своја страна опозиционерите сметаат дека ваквата иницијатова не може да се реализира поради ставот на владеачкатра ВМРО-ДПМНЕ и владата наводно го го избегнува ова прашање обидувајќи се да купи време до пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. „Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во првите 15 дена не седнаа и не се договорија како да го решат проблемот, не верувам дека тоа ќе го направат во последните 15 месеци од нивниот мандат“, изјави Владо Бучковски.

Една нинцијатива за постигање на ннационален консензус по ова прашање поднесена од пратеикот Стојан Андов заврши бесупешно минатата година во Собранието.

XS
SM
MD
LG