Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутераш, денес им се придружи на јапонските лидери во Нагасаки, по повод одбележувањето на 73-годишнината од атомската бомба на градот, поттикнувајќи ги напорите за денуклеаризацијата на Северна Кореја.
За време на свечената церемонија, Гутереш ги повика сите земји да се посветат на нуклеарното разоружување и да преземат конкретни чекори, бидејќи тој изрази загриженост во врска со забавениот напор околу ова прашање.
Градоначалникот на Нагасаки ја повика јапонската влада да стори повеќе, и да го води процесот за нуклеарно разоружување, а особено да помогне во напорите за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.
Бомбардирањето на Нагасаки кое се случи на 9-ти август 1945-та година, беше втор американски нуклеарен напад врз Јапонија, при што загинаа 70.000 луѓе, три дена по атомската бомба во Хирошима, при што загина 140.000 лица.
Градоначалникот на Нагасаки ја повика јапонската влада да стори повеќе, и да го води процесот за нуклеарно разоружување
Facebook Forum