Линкови за пристапност

Нагасаки повика САД и Русија да го редуцираат нуклераното оружје на 76-годишнината од првата атомска бомба


Преживеаните во Нагасаки и други учесници, со едноминутен молк им оддадоа почит на повеќе од 70.000 загинати во нападот, објави Асошиетед прес

Нагасаки одбележува 76 години откако САД ја фрлија првата атомска бомба, објави Асошиетед прес.

Градоначалникот Томиша Тауе одржа говор на церемонија за сеќавање на жртвите, при кој ја повика Владата на Јапонија да предводи во креирање на зона без нуклерано оружје во североисточниот дел на Азија, намeсто да биде под заштита на САД.

Во 11:02 часот наутро, времето кога САД ја фрлија првата атомска бомба, преживеаните во Нагасаки и други учесници, со едноминутен молк им оддадоа почит на повеќе од 70.000 загинати во нападот.

Нагасаки, исто така, истакна дека САД и Русија треба да направат повеќе за редуцирање на нивното нуклерано оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG