ВАШИНГТОН —
Јапонскиот град Нагасаки денеска одбележува 74-годишнина од бомбардирањето со атомска бомба од страна на САД во Втората светска војна.
Со минута молчење во 11:02, време кога на овој ден во 1945 беше фрлена атомска бомба со плутониум, започна церемонијата за одбележување на настанот што дојде три дена откако САД ја фрлија првата атомска бомба на Хирошима.
Во Нагасаки бомбата убила 74.000 луѓе. Премиерот Шинзо Абе на церемонијата вети дека ќе продолжи да работи „на градење мостови меѓу државите со и без нуклеарно оружје“.
Facebook Forum