Линкови за пристапност

Трамп и Трудо разговараат за НАФТА


Американскиот претседател и канадскиот премиер во Белата куќа ќе се обидат да испеглаат дел од разликите за договорот за слободна трговија на северноамериканскиот континент

Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Џастин Трудо, се сретнаа во Белата куќа, а во фокусот беше повторното преговарање за Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА), поради растечкото несогласување за тоа како да се формулира пактот.

Експертите за трговија предвидуваат дека четвртиот круг од разговорите најверојатно ќе се оддолжи, бидејќи САД агресивно се залагаат за контроверзни измени на правилото за регулирање на производството на автомобилите. Правилото во моментов бара најмалку 62 процента од деловите на автомобилот што се продаваат во Северна Америка, да доаѓаат од регионот за да избегне данокот за увоз. Администрацијата на Трамп повикува прагот да биде 85 проценти, со барање од 50 проценти за специфична содржина за САД.

Американската Стопанска комора неделава ја обвини администрацијата на Трамп дека се обидува да ги поткопа преговорите.

Владата воведе обврска за канадските авиони-бомбардери и извозот на дрвената граѓа во последниве месеци и ги критикуваше канадските индустрии за вино и млечни производи. Но, канадските власти негираат дека Трамп е насочен кон Канада, велејќи дека разликите веќе траат со години наназад.

Канадската министерка за надворешни работи, Христија Фриленд рече дека Трудо ќе се обиде да го убеди Трамп да се фокусира на Мексико, држава што исто така учествува во разговорите, како извор на потенцијални проблеми на преговорите за ажурирање на НАФТА договорот.

​„Ние сме вашиот најголем клиент“, е пораката од Фриленд, додавајќи дека Канада не е причина за изгубените работни места во САД под НАФТА, бидејќи купува повеќе од САД отколку од Кина, Велика Британија и Јапонија заедно.

Многу работни места од САД се преселија во Мексико, каде платите се далеку пониски од оние во Америка. Мексико ги привлече американските автоиндустрии и другите производители во земјата, што минатата година резултираше со трговски суфицит од 64 милиони долари со САД. Официјални владини лица ветија дека ќе го намалат вишокот.

Министерот за надворешни работи на Мексико, Луис Видегарај предупреди дека прекин на договорот значително ќе наштети на односите САД - Мексико и негативно ќе влијае на билатералната соработка во областите кои не се трговски.

Други спорни предлози од страна на САД на кои се противат Канада, Мексико и голем дел од американската бизнис-заедница, се петгодинишните одредби за провизија на договорите, преуредување на арбитражните системи за споровите на НАФТА, ревидирање на барањата за интелектуална сопственост и нови заштитни мерки за американските сезонски производители.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG